Одредени медиуми синоќа и утрово се обидоа да креираат содржини со кои сакаа да создадат слика за наводно незадоволство во СДСМ по вчерашниот Конгрес и комплетирање на листите за пратеници.
Во градењето на тој наратив беше искористен и статус на социјалните мрежи на престедателот на општинскиот огранок на СДСМ во Ѓорче Петров, Кристиан Јовановски кој синоќа пиша „Правдата е спора, но на крајот секогаш доаѓа…ќе ја почекаме“.
Ова беше искористено да се прикаже како наводно незадоволство што Јовановски не се нашол на листата на пратеници во Изборната единица два каде се наоѓа општината Ѓорче Петров.
Но денеска, истиот Јовановски исто на социјалните мрежи објави фотографија заедно со кандидатката за пратеничка од Ѓорче Петров, Санела Шкријељ каде напиша „Пријателка, голем борец и одличен кандидат за пратеник! Sanela Shkrijelj ја има мојата поддршка! Заедно одиме на двојна победа“.
Со тоа Јовановски ги дематнира написите и конструкциите на одредени медиуми дека тој е незадоволен од пратеничките листи.
Претходно, написи за наводно незадоволство имаше и за потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев и портпаролот Дарко Каевски дека искажувале незаводолство од одлуките за листите, но на крајот и двајцата јавно ги демантираа таквите написи.