Утрински Весник
Македонија

Наспроти спиновите за поделби и фракции, на конгресот на СДСМ овации и единство

Img 4527.jpeg

Одредени медиуми се обидоа да креираат лажен нартив за поделби и франкции во СДСМ, но синоќешниот Конгрес на партијата сепак помина во мирна и конструктивна атмоссфера, за разлика од конгреси на СДСМ во минатото кога делегати пуштаа брифови по медиуми и негативни статуси, овој пат ништо од тоа.

На синоќешниот конгрес беа потврдени носителите и коносителите на листите за сите изборни единици и сите делегати и членови на СДСМ понудија суштинска дискусија, збивање на редовите.

Синоќа СДСМ како никогаш досега демонстрираше заедништво и одлучност за борба, а сите членови, функционери и симпатизерии застанаа зад партијата.

Овации и пораки за единство имаше за сите носители и коносители на изборните листи, но најсилни беа овациите за претседателот Димитар Ковачевски и ексминистерот за здравство, Венко Филипче, што само покажува дека во СДСМ нема некакви табори и фракции, туку сите работат со единствена цел.

Спиновите за некакви расколи и незадоволства веднаш беа демантирани, токму од прозваните членови на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Каевски и Стефан Богоев, кои истакнаа дека тие се тука за партијата. И двајцата потврдија дека не го напуштиле Конгресот и најавија дека СДСМ оди на победа.

Инаку на синоќешниот конгрес беа беа избрани 12 коносители на изборните листи. Изборната листа во ИЕ1 ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, додека коносителка е Моника Зајкова од ЛДП. Во ИЕ2, носител е Оливер Спасовски, а коносител потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Во „тројката“, носителка е заменик-претседателката на партијата, Сања Лукаревска, додека Љупчо Николовски е коносител. Во ИЕ4, Венко Филипче и Јованка Тренчевска ја водат листата, а во ИЕ5 носител е актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески, додека коносителка е министерката за труд и социјална политика Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во ИЕ6 носителка на листата е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, додека коносител е Агрон Демири.

Исто како и на претходните избори, листите на СДСМ се родово балансирани и водат сметка за претставувањето на младите. Половина од предложените кандидати за пратеници се жени.

Поддршка за изборните листи на СДСМ и коалицијата, освен 12те носители и коносители дадоа и тие кои се наоѓаат подолу на листите, но повикуваат на силна борба до последен ден во кампањата и победа на 8 мај.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, иако не е носител или коносител на листа, како кандидат за пратеник во ИЕ1 изрази благодарнсот до членовите и поддржувачите на СДСМ за честа и мтоивацијата да биде на листата. Тој порача дека со сето знаење, сила и моќ ќе ги водат овие избори кон победа за европска иднина на сите.

Со слична порака настапи и пратеничката Санела Шкриељ, која кажа дека нема откажување од иднианта што значи подобри можности за секое дете и младо лице без разлика каде живее.

Лисите за пратеници на СДСМ, повтрно изобилуваат со искусен кадар, кој знае како се води држава на европскиот пат, но и со млади сили кои сакаат да останат да живеат дома, но во европска држава, а не изолирани. Поради тоа, една третина од 120те предложени кандидати за пратеници се млади.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор