Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава 

1711273864 drvokradec.webp.webp

На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба”.

Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика