Утрински Весник
Свет

Суд во Шпанија ја забрани социјалната мрежа Телеграм

T 14.webp.webp

Окружен суд во Шпанија ја забрани социјалната мрежа за пораки Телеграм по жалбите на медиумските компании дека им дозволува на корисниците да ја прикачуваат нивната содржина без дозвола, пренесуваат британските медиуми.

Судот се согласи да ја блокира употребата на Телеграм во Шпанија почнувајќи од понеделник, се додека трае истрагата за ваквите наводи.

-Давателите на мобилни услуги ќе бидат одговорни за блокирање на услугите на Телеграм, изјави судски извор.

Телеграм се уште не излезе со коментар на пресудата на шпанскиот суд.

Телеграм е четврти најкористен сервис за испраќање пораки во Шпанија, која ја користат речиси 19 отсто од населението.

Телеграм е сервис за испраќање и размена на инстант пораки, развиен од компанијата Telegram Messaging LLP ,со седиште во Лондон и оперативни центри во Дубаи. Компанијата е основана од рускиот претприемач Павел Дуров, претходно познат како основач на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте.

Компанијата наведува дека во 2023 година имала над 700 милиони активни корисници ширум светот.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“