Утрински Весник
Свет

(Видео) Бројот на загинати во Москва по терористичкиот напад се искачи на 60 лица

Moskva Napad 696x405 1.jpg

Бројот на загинати во синоќешниот терористички напад кој го извршија маскирани терористи близу Москва порасна на 60, а 145 луѓе се повредени. Одговорноста за нападот во концертната сала „Крокус“, според каналот Telegram на терористите, ја презеде ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Во најсмртоносниот напад во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во 2004, најмалку четворица напаѓачи пукаа во цивилите во салата пред почетокот на концертот на руската рок група „Пикник“, која требало да настапи пред 6.200 љубители на музиката. Потврдени видеоснимки покажуваат луѓе како седнуваат на своите места, пред да почнат панично да бегаат кон излезите. Руските истражители кажаа дека се убиени најмалку 60 луѓе, но предупредија дека бројот на мртви би можел да расте. Судбината и идентитетот на напаѓачите се непознати, во услови кога пожарникарите се бореа со огромен пожар, а итните служби евакуираа стотици луѓе од салата, на која се урна дел од покривот. Гувернерот на Москва, Андреј Воробјов, изјави дека пожарот во најголем дел е изгаснат. -Итните служби успеаја да влезат во аудиториумот, каде што е убиен најголем број луѓе, кажа Воробјов. Меѓу убиените се најмалку пет деца, а освен автоматско оружје, напаѓачите користеле и експлозив. Регистрирани се најмалку две експлозии во салата, објавија руските медиуми. Украина веднаш ја негираше својата вмешаност во нападот, додека Белата куќа соопшти дека нема причини за сомневање во тврдењето на Исламска држава. -ИСИС-Корасан беше фиксирана на Русија во последните две години и постојано го критикуваше Путин во нејзината пропаганда, изјави аналитичарот Колин Кларк од центарот „Суфан“.

Можете да прочитате

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико