Утрински Весник
Магазин

Поранешниот директор на компанијата „Yoozoo Games“ е осуден на смрт

20240322142518 big 730x400 1.webp.webp

Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Киа во 2020 година.

Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми.

Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја.

Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници