Утрински Весник
Скопје

Делови од Скопје утре без струја и без вода

20240322181947 big 730x400 70.webp.webp

Дел од корисниците од улицата Јадранска магистрала, поточно објектите во околината на фирмата „Виндија“ во населбата Взбегово утре од 8:00 до 15:00 ќе останат без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа што ќе ги спроведуваат екипи на ЕВН Македонија АД.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на улицата Никола Русински бр. 2, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица во општина Карпош.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во село Ракотинци, пак, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата без вода ќе бидат жителите на селото Ракотинци во Општина Сопиште.

Можете да прочитате

Дел од Карпоп денеска без вода

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Притвор за 41-годишник од Велес поради семејно насилство врз партнерка во Скопје