Утрински Весник
Магазин

Принцезата од Велс, Кејт откри дека се лекува од рак

Kejt M.jpg

Принцезата од Велс вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Во длабоко емотивната видео порака, снимена во Виндзор во средата, Кетрин откри дека веста била „огромен шок“ и дека таа и Вилијам „направиле се што можеле да го процесираат и да го менаџираат ова приватно за доброто на нивното младо семејство“.

Тоа се случи неколку дена откако беше видена како насмеана со принцот Вилијам додека ја напуштаа својата омилена продавница блиску до нивниот дом во Виндзор.

Таа рече: „Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро“.

„Како што им реков; Јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух. Да го имам Вилијам покрај мене е одличен извор на утеха и сигурност. Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. Нам двајцата ни значи многу“.

Ракот на Кејт бил откриен дури откако таа беше подложена на голема абдоминална операција во Лондонската клиника во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза на рак е и ги замоли луѓето да не шпекулираат.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста