Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Крањ: Остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти

2 2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција на Брдо процесот кој се одржува во Крањ, Република Словенија, денес имаше свое обраќање поврзано со нашата улога во борбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти.

„Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и ирегуларни миграции при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти.”, истакна министерот Тошковски во своето обраќање.

На маргините на конференцијата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со словенечкоот министер за внатрешни работи Боштан Поклукар на која се разговараше за неколку толку од заеднички интерес на нашите две држави.

„Од министерот Поклукар побарав да продолжи соработката во делот на обуките за хеликоптерските единици, а воедно ja истакнав и потребата од интензивирање на процедурите за меѓусебно признавање на возачките дозволи. На крајот се заблагодарив за разбирањето што го има Словенија за проблемот со патните исправи, како и за силната поддршка што ни jа дава на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија.”, потенцираше министерот Тошковски.

Можете да прочитате

Први и втори мај променливо и ладно време, локален дожд и планински снег

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски