Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција ќе предложи нова резолуција за прекин на огнот во Газа

Makron 1.webp.webp

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека земјата ќе работи на нацрт на нова резолуција за прекин на огнот во Газа, откако Русија и Кина ставија вето на американската резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации.

„По ветото на Русија и Кина, ќе продолжиме да работиме во Советот за безбедност на ОН врз основа на француската нацрт-резолуција и ќе работиме со нашите американски, европски и арапски партнери за да постигнеме договор“, рече Макрон.

Министерството за надворешни работи на Франција во четвртокот соопшти дека почнало да работи на нацрт со дипломати, доколку американскиот не помине. За американскиот предлог за резолуција гласаа 11 членки на Советот за безбедност, додека Русија, Кина и Алжир беа против, а Гвајана беше воздржана.

Во американската нацрт-резолуција се наведува дека „императив е итен и траен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа“, без директна врска со ослободувањето на заложниците земени од Хамас за време на нападот на Израел на 7 октомври.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната