Утрински Весник
Балкан

Плакало: Политичарите во БиХ по одлуката на ЕС за почеток на преговорите имаат поголеми обврски

Download 13.jpg

Генералниот секретар на Европското движење во Босна и Херцеговина, Харис Плакало денеска изјави дека синоќешната одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со БиХ е надеж за граѓаните на Босна и Херцеговина за подобро утре. -Прво, ова е навистина голем чекор напред и напредок за Босна и Херцеговина, а можеби многумина се уште не се свесни за важноста на самата синоќешна одлука, која даде зелено светло на Европскиот совет за почеток на преговорите со Босна и Херцеговина и нејзино здружување со останатите земји од регионот, изјави Плакало, пренесоа босанските медиуми. Така, нагласи тој, заврши самоизолацијата на Босна и Херцеговина, која сама, заедно со Косово, немаше отворен преговарачки процес. Плакало посочи дека напредокот на патот кон ЕУ од страна на политичарите и институциите во Босна и Херцеговина не смее да се минимизира и дека треба да се признае, како и да се честита, а се друго не би било правилно. – Важно е што БиХ доби зелено светло, што политичката одлука за почеток на преговорите беше донесена во корист на БиХ. Но, секако, за да се дојде до усвојување на преговарачката рамка, скрининг фазата, таканареченото скенирање, а потоа и отворањето на преговарачките поглавја, потребно е да се вложат дополнителни напори во исполнувањето на 14-те приоритети и оние осум точки кои беа изведени и поставени при стекнувањето на условен кандидатски статус во декември 2022 година. Ова е веќе делот што е во БиХ и сега повеќе од кога било е клучно и без никакво оправдување да се продолжи со донесување на законот и исполнување на барањата кои се пред БиХ за да се започне со отворање на поглавје што е можно поскоро. Тоа се веќе технички процеси по оваа важна политичка одлука донесена од Европскиот совет, вели Плакало. Тој нагласува дека веќе не може да се очекува од Европската унија да прави отстапки. -Се знае што треба да се направи и што се бара. Време е сите во БиХ, од позицијата, опозицијата, медиумите, организациите, луѓето и сите граѓани, да бидат обединети кога станува збор за понатамошните чекори на БиХ кон полноправно членство во ЕУ, исполнувајќи ги обврските и барањата кои се поставени, усвојување закон и посветеност на преговарачкиот процес, отворање поглавја, преговарање и затворање, изјави Плакало.

Можете да прочитате

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина