Утрински Весник
Македонија

Армијата утре во Охрид ќе одбележи четири години од членството во НАТО

Ohrid .jpg

Утре од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект. Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” (Езерска полиција). Со оваа активност, Армијата на РСМ ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството на РСМ во НАТО сојузот.

Можете да прочитате

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски