Утрински Весник
Македонија

Михаилоски: загарантиран универзален приход со кој ќе се јакне финасискaта независност на младите – младината на СДСМ на јавна дебата подготвува Манифест

D181d0b4d181d0bc D182d0bed0bbd0bad183 D0bed0b4 D0bbd0b0d0b3d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D0bdd0b5 D181d0b0 63cd8cce2d3bd.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Плата за живот, грижа за менталното здравје на младите, Министерство за млади, општество без корупција, достоинствено домување – ова се дел од таргетите што Младината на Социјалдемократскиот сојуз ги постави како клучни стожери во Манифестот што го презентираше денес и за што отвори јавна дебата со граѓанските организации, меѓународни организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци.

Денеска во просторииите на Културно Социјалниот Простор – КСП Јадро се одржа промоција на Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ. На настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, меѓународните организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци. Процесот на креирање на овој стратешки документ на СДММ беше поддржан од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг – Канцеларија во Скопје.

На настанот беше промовирана финална отворена верзија на Манифестот, а преку отворена и водена дискусија беа собрани дополнителни насоки и перспективи од учесниците, кои ќе бидат инкорпорирани во завршниот документ.

Инаку, процесот на креирање на овој Манифест траеше неколку месеци, каде млади поделени во 10 групи од различни области имаа можност директно да учествуваат во предлозите, идеите и заложбите заедно со ментори од граѓанскиот сектор, експерти и политичари.

Свое обраќање имаше претседателот на СДММ, кој воедно и го презентираше Манифестот:„Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија претставува клучен стратешки документ, кој јасно ги покажува нашите заложби, перспективи и замисли за тоа во каква држава сакаме да живееме. Документот претставува заложба за безусловно почитување на човековите права за сите граѓани, за еднакви можности за квалитетен и достоинствен живот и просперитет, за борба за достапни квалитетни јавни услуги и сервиси за граѓаните – домување, здравство, образование, транспорт, кои мора да бидат универзално достапни за сите граѓани, а не само за оние со највисоки примања. Сите препораки кои произлегоа од денешната дискусија со граѓанскиот сектор, студентските претставнички тела и меѓународните организации ќе бидат инкорпорирани во финалниот текст на овој Манифест. Продолжуваме да работиме на создавање поинклузивно, посолидарно и поеднакво општество за нас, но и за генерациите што доаѓаат по нас. ” изјави Марко Михаилоски.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор