Утрински Весник
Спорт

Почнува разигрувањето во Лигата на нации за трите последни места на завршницата од ЕП-2024

F Ndwm9xqaanjfv.jpg

Дванаесет репрезентации кои не обезбедија пласман на завршницата од фудбалското ЕП-2024 преку квалификациите, од денеска имаат шанса за поправен преку полуфиналните дуели во три сегменти од Лигата на нации да стасаа во Германија, земјата домаќин на континенталниот собир. Место на завршниот турнир кој ќе се одржи летово преку ЛН ќе си обезбедат последните три селекции.

Во сегментот А, во полуфинални натпреаври се среќаваат Полска и Естонија, како и Велс и Финска. Во Б сегментот, БиХ ќе игра со Украина, а подобриот ќе разигрува во финалето со победникот од дуелор Израел – Исланд. Во Ц сегментот се среќаваат Грузија и Луксембург, односно Грција – Казахстан. Освен дуелот Грузија и Луксембург кој почнува во 18 часот, другите пет натпреаври почнуваат во 20.45 часот. Трите финалните дуели се закажани за 26 март.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига