Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане

Screenshot 2024 03 21 115858.png

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, во пресрет на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија, дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој самит покажува дека струјата ќе биде се повеќе потребна. „Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки донесовме во изминатите децении“, рече Вучиќ во Брисел. Вучиќ на новинарите им порача дека Србија ќе мора да ги смени навиките, да носи луѓе од странство, бидејќи нема доволно стручњаци, но ќе мора и да ги промени правните норми и да обезбеди значителни финансии за во иднина. „Едноставно кажано, без нуклеарна енергија нема да можеме да го преживееме доаѓањето на вештачката интелигенција или електричните автомобили“ заклучи Вучиќ.

Можете да прочитате

Страшен пожар во Омиш, Хрватска, изгореа куќи и автомобили

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар

Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти