Утрински Весник
Македонија

Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски кои се против ЕУ и НАТО се безбедносна закана велат од СДСМ

Kovachki 2.png

Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО и Европската унија.

Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица, Драган Ковачки, како што објавија медиумите, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат велат во соопштението од СДСМ.

Прашањето е зошто Ковачки не ги исполнува стандардите за добивање на таков сертификат.

Дали Ковачки издавал државни и воени тајни, дали бил шпион против државата, за чии странски интереси работи, треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.

Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник. Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница