Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ашковски отпадна од комбинација за тест натпреаврите со Молдавија и Црна Гора

20240321103532.jpeg
Img 7972

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски од редовите на ерменскиот Алашкерт, ќе ги пропушти двата контролни натпреаври кои „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат утре и впонеделник со соодветните селекции на Молдавија и Црна Гора во турскиот туристички центар Анталија. Причина за неиграњето на Ашковски е повреда на скочниот зглоб поради која 32-годишниот бек не тренираше со тимот за време на мини-подготовките во турскиот туристички центар. По неколкуте тестови, утврдено е дека тој, сепак, не е подготвен за настап и треба да продолжи со физикалната терапија, но во својот клуб. Ашковски има 28 настапи за македонската репрезентација за која дебитираше во 2015 година.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај