Утрински Весник
Свет

Нетанјаху им соопшти на американските републикански сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

Netanjahu.jpeg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на американските републикански сенатори дека неговата земја ќе продолжи со напорите да ја победи палестинската терористичка група Хамас во Појасот Газа. Нетанјаху синоќа разговараше со републиканците преку видео врска речиси една недела откако лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер одржа говор во кој го осуди израелскиот премиер како „пречка за мирот“ и повика на нови избори во Израел. Нетанјаху „ќе го направи тоа што рече дека ќе го направи. Ќе го заврши“, им рече на новинарите сенаторот Џим Риш по видео-разговорот со израелскиот лидер. „Побаравме од него актуелни информации за војната, за ослободувањето на заложниците и за напорите да се победи Хамас. Му рековме дека Израел има целосно право да се брани, а тој посочи дека токму тоа ќе продолжат да го прават “, истакна сенаторот Џон Барасо.

Можете да прочитате

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони