Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Со СДСМ има инвестиции и напредок во НАТО и ЕУ- со ДПМНЕ антиквизација и лажен барок

Interv Ukovachevskialsatm.jpeg

Како изгледа Македонија како напредува во НАТО интеграциите и ЕУ интеграциите со СДСМ и како изгледа Македонија во антиквизација бидејќи беа дел од коалиција со ВМРО – ДПМНЕ може да видат граѓаните а може да каже и ДУИ бидејќи тие беа дел од Владата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Алсат М Телевизија.

-И можат да ја видат точно разликата како изгледа да седите во Влада и да гласате за инвестициски планови во кои има купишта споменици на плоштадот во Скопје, жални врби во Вардар, лажен барок итн. Кавги со соседите, меѓуетнички тензии во општеството. И да видат разлика со тоа како изгледа една влада во која се гласа за членство во НАТО, во која се гласа за отпочнување на преговори со ЕУ, во која што се склучуваат договори со соседите и впрочем да бидат во Влада која во последните 7 години, ќе признаете и вие и многу други, нема никакви меѓуетнички тензии во општеството. Погледнете ги вестите само дека во првите 10 вести никогаш во последните 7 години такви теми, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари

Вкупно три лица повредени во две сообраќајки во кичевско

Мицкоски: Би било лудо ако како Влада прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра