Утрински Весник
Свет

Моди разговараше со Путин и Зеленски за Украина

Narendra Modi.jpg

Индискиот премиер Нарендра Моди разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски за ситуацијата во Украина и зајакнувањето на односите на Њу Делхи со двете земји.

Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и досега се воздржуваше од критикување на Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година, а место тоа купувањето руска нафта го доведе на рекордно ниво.

Моди му честитал на Путин за победата на руските претседателски избори, а двајцата лидери разговарале и за Украина, се наведува во соопштението на Кремљ.

Канцеларијата на украинскиот претседател објави дека Зеленски разговарал со индискиот лидер и за украинскиот мировен план, што вклучува повлекување на сите руски трупи од територијата на земјата, враќање на демаркацијата од 1991 година и процесот на повикување на Русија на одговорност за нејзините постапки.

Денешните разговорите биле одржани пред очекуваната посета на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба на Индија следната недела, бидејќи Киев има за цел да изгради поддршка за својот мировен план, наведуваат британските медиуми.

Киев се залага Њу Делхи да помогне во обновата на украинската економија разурната од војна, повикувајќи на инвестиции од индиски компании на јануарскиот деловен самит во Индија.

Моди разговараше неколку пати со лидерите на Украина и Русија, а се сретна со Зеленски минатиот мај на маргините на Самитот на Г7 во Хирошима.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков