Белоруската тенисерка Арина Сабаленка сепак ја смени одлуката и одлучи да настапува на турнирот во Мајами и покрај смртта на нејзиниот дечко, хокејарот Константин Колцов со кого беше во врска во последните две и пол години. Смртта на поранешниот белоруски хокеар Колцов се случи вчера во Мајами, непосредно пред стартот на турнирот. Како втора носителка на турнирот, Сабаленка го прескокна првото коло, а во второто ќе игра против својата најдобра пријателка, шпанската тенисерка Пауло Бадоса која ја совлада Симона Халеп. По победата над Халеп, Бадоса зборуваше за нејзината блискост со Сабаленка, таа прва ѝ се јавила по големата трагедија. „Не знам што да кажам. Арина и јас сме толку блиски и знам низ што поминува бидејќи зборувавме веднаш по трагедијата. Не знам што да кажам… Арина е силна жена и уверена сум дека во оваа ситуација ќе црпи снага од сѐ што може. Се надевам дека тоа ќе биде вистинска битка и добар меч“, вели Бадоса.