Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје преку ТФТ ситигна до плеј-оф во регионалчната АБА2 лига

Screenshot 2024 03 20 095826.png

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига, на турнирот во Широки Бријег. По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот. Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени. Третиот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола, во понеделникот го совлада Борац од Бања Лука со 73:72. МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази. Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бриег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот). 

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос