Утрински Весник
Спорт

Јокиќ го предводеше Денвер во битката за првото место на Западот

Jokic 1 696x528 1.jpg

Актуелниот шампион во кошаркарската НБА-лига, Денвер во дербито на вечерта како гостин ја совлада Минесота (115:112) во дирекната пресметка за првото место во Западната конференција. Денвер кој изминативе два дена одигра два важни меча со ривалите од Западната конференција, Далас и Минесота оствари половичен ефект, но и покрај тоа ја прескокна Минесота на табелата. Денвер сега има учинок 48-21, додека Минесота има 47-22. Српскиот интернационалец, двократниот МВП, Никола Јокиќ со 35 поени и 16 скока беше најдобар во редовите на Денвер. Во редовите на Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс со 30 поени. Далас го совлада Сан Антонио со 113:107 во меч во кој словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ оствари трипл-дабл. Тој мечот го заврши со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции, а најпрецизен беше Кајри Ирвинг со 28 поени. Резултати: Орландо – Шарлот 112:92, Вашингтон – Хјустон 114:137, Бруклин – Њу Орлеанс 91:104, Сан Антонио – Далас 107:113, Минесота – Денвер 112:115.

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос