Утрински Весник
Магазин

Лековити својства на ротквиците: Одлични за слабеење, третман на бели дробови, бубрези…

61670545 Rotkvice.jpg

Ротквиците се одгледуваат повеќе од 3000 години. Старите Грци ги принесувале како жртва на боговите, а Римјаните им плаќале на работниците во ротквици. И тоа не без причина.

Имено, постојат истражувања кои укажуваат дека ротквиците имаат низа здравствени придобивки, поради што се одличен додаток на пролетните сендвичи со зеленчук, салати или пак основа за подготовка на лековити смути. Полни се со витамини и минерали како бакар, манган, калиум, витамини Ц, К и Б6, а содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натриум.

Лековитите својства на ротквицата се добро познати, бидејќи со овој зеленчук се лекувале многу болести пред појавата на современите лекови. Многумина и денес ги користат како алтернатива на модерната медицина. Сепак, треба да знаете дека црната ротквица е полековита отколку црвената.

Црната ротквица, попозната како Raphanus sativus L. var. niger, припаѓа на семејството на зелка и е многу богатa со антиоксиданси и диетални влакна. Истражувањата докажаа дека игра значајна улога во намалувањето на ризикот од развој на рак на простата, дојка, дебело црево и јајници и голем број други болести.

Во кинеската медицина се издвојува како лек кој: помага при респираторни проблеми, особено при кашлица и астма при лачење на слуз од дишните органи, делува како природен диуретик, во случај на жолтица, го нормализира производството на билирубин, го стимулира производството на црвени крвни зрнца, помага при слабеење бидејќи има малку калории и многу влакна, го стимулира варењето, го намалува ризикот од воспаление на уринарниот тракт и ги чисти бубрезите, го отстранува лошиот здив, ги ублажува менструалните болки.

Семето од ротквица помага при витилиго, маската од мелени ротквици го хидрира лицето и го отстранува осипот, ја ублажува реакцијата на убоди од инсекти, како пчели, стршлени и оси, бидејќи ја намалува болката и отокот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста