Утрински Весник
Македонија

ДКСК отворила предмет по допрен глас за набавката на хеликоптерите и за амбулантните возила

432224 720x340 1.jpg

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, потврди Татјана Димитровска, претседателка на комисијата, за Радио Слободна Европа. „Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска.

Овие предмети се поврзани со забрани за тоа што смеат, а што не смеат да прават функционерите и институциите по 14 февруари, денот кога претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај.

Забраните се определени во Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата и ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања….

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, потврди Татјана Димитровска, претседателка на комисијата, за Радио Слободна Европа. „Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска. Овие предмети се поврзани со забрани за тоа што смеат, а што не смеат да прават функционерите и институциите по 14 февруари, денот кога претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај. Забраните се определени во Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата и ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања….

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата