Време е за поинакво саемско доживување и одлична можност да го освежите вашиот дом. Од утре, 20 март започнува Саем на мебел и ќе трае до 24 март. Саемот ќе се одржува во комплексот „Борис Трајковски” со работно време од 10:00 до 20:00 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10:00 до 17:00 часот.
Веќе е сѐ подготвено за Саемот и од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и неверојатни понуди од многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови.
Влезницата ќе чини 150 денари или 250 денари блок влезница за двајца и секој ќе може да си го обезбеди својот влез на билетарата во „Борис Трајковски”. Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел.
Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии.
Комерцијална банка АД Скопје повторно ќе биде партнер на Саемот на мебел и ќе има свој штанд, на кој ќе ја претстави специјалната понудата на кредитни производи и картички и ќе им ја понуди потребната поддршка на посетителите на Саемот за лесно и едноставно да го обезбедат посакуваното парче мебел.
Од утре па до 24 март, Саем ќе понуди голем избор на мебел, поволни цени, совети за уредување и финансиска поддршка, затоа посети го Саем на мебел 2024 и „Освежи го својот дом”.