Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска најави дека СДСМ ќе го следи концептот на машка и женска застапеност на листите за пратеници

Kostadinovska Sto chevska na generalna konferenci a vo Pariz.jpg

„Во најбрзо време ќе објавиме носители и коносители. Ќе го следиме концептот на машка и женска застапеност исто како пред 4 години на врвот на листата. Меѓутоа, се уште траат некои процеси, консултации, анкети и тн“ изјави министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисија на Тера телевизија.

Таа додаде дека тоа мора да бидат лица коишто докажале дека сработиле за градот но и за пошироко ниво, да покажат капацитет, што впрочем се покажа од сите номинирани што беа од изборна единица 5.

„Сепак тоа треба да се лица кои имаат доста сработено зад нив и сега треба да поминат низ филтерот, од типот, граѓански анкети, анкети меѓу членството“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра