Утрински Весник
Свет

Човек загина откако испадна од балон со топол воздух кој летал над Мелбурн

60a5c358 2db5 46dc b9fd 88e1e390e88b.jpg

Маж во Австралија почина денеска откако падна од балон со топол воздух кој летал над Мелбурн. Несреќата се случила 30-тина минути по полетувањето на балонот.

„Брат ми слушна силен тресок, како да паднал голем предмет врз куќата. Излеговме надвор само кога ги слушнавме сирените“, рекол сведокот, а пренесува Фокс њуз. Засега не е позната причината за падот, но полицијата не верува дека се работи за кривично дело. Истрагата е во тек, а полицајците разговараат со операторот на балонот, другите патници и сведоци.

Телоото на мажот беше пронајдено во станбена област која беше затворена за сообраќај од страна на државната полиција на Викторија. Балонот од кој паднал човекот сигурно слетал во паркот Јара Бенд.

Националната комерцијална индустрија за балони со топол воздух и Австралиската федерација за балони изразија сочувство до семејството на починатиот.

„Дизајнот на корпите со балон е безбеден за патниците, за случајно да не испаднат од балонот. Патниците и операторот се трауматизирани од оваа трагедија, а организаторот на летот обезбеди психолошка поддршка и советување за сите оние кои се погодени од овој настан“, се вели во соопштението на организацијата.

Можете да прочитате

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута

Ирански медиуми: Главната цел на утринскиот напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ