Утрински Весник
Свет

УНИЦЕФ: Во Газа загинаа повеќе од 13 илјади деца, преживеаните – гладуваат

Gaza 2 1.jpg

Повеќе од 13.000 деца досега загинаа во израелската офанзива во Појасот Газа, соопшти УНИЦЕФ, дополнувајќи дека многумина страдаат од тешка неухранетост.

– Илјадници од нив се повредени и не можеме ни да утврдиме каде се. Тие можеби се под урнатините… Не сме виделе вакви стапки на смртност кај деца во речиси ниеден друг конфликт во светот, изјави синоќа извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел за емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес.

– Бев на одделенијата за деца кои боледуваат од тешка анемија поради неухранетост, целото одделение е апсолутно тивко. Затоа што децата, новороденчињата… немаат сила ни да плачат, раскажува таа.

Расел рече дека има „многу големи бирократски предизвици“ за добивање помош за Појасот Газа со камиони.

Секое трето дете на возраст под две години во северниот дел на Појасот Газа сега е акутно неухрането и изложено на ризик од глад, предупреди во саботата главната агенција на ОН во Појасот Газа, УНРВА

Можете да прочитате

Макрон потрошил 475.000 евра на вечера со кралот Чарлс и кралицата Камила

ОХЦХР: Палестински затвореници мачени и малтретирани во израелските затвори

Во свлечиштата во Индија досега загинаа над 150 лица