Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед преку Ливерпул по 120 возбудливи минути стигна до полуфиналето на ФА Купот

4324501889897327825132516757012843608596077n.jpg

Манчестер јунајтед е последниот полуфиналисти во најстарото клупско натпреварување во светот, англискиот фудбалски ФА Куп откако во возбудлив меч на „Олд Трафорд“ по 120 минути игра го елиминира Ливерпул (4:3 – во регуларниот дел средбата заврши 2:2). Пласман во полуфиналето претходно изборија Манечестер сити, Члеси и Ковентри. Херој на „црвените ѓаволи“ е Амад Диало победнички гол постигна во 121. минута. Тимот на Ерик тен Хаг двапати имаше негатива, но не се предаваше и на крајот го казни Ливерпул, кој можеше уште во регуларниот дел да го обезбеди полифиналниот „билет“. Се започна со голот на Скот Мектомини во 10. минута и водството на Манчестер јунајтед. Ливерпул стигна до пресврт пред да се замине на пауза. Најпрвин во 44. погоди Алексис Мекалистер израмни, а во втората минута од судиското надополнување Мохамед Салах ја затресе мрежата на Андреа Онана за 1:2. Двата тима имаа добри шанси во продолжението, особено Ливерпул, но Јунајтед беше тој кој избори продолженија со голот на Антони во 87. минута. Во продолженијата први се радуваа гостите од „Енфлилд“, во 105 минута гол постигна Харви Елиот. Маркус Рашфорд во 112 минута искористи додавањето на Мектомини за израмнување 3:3. И кога се чинеше дека пеналите ќе го одлучат победникот, на сцена стапи Амад Диало, кој во контра ја казни грешката на Елиот во 121. минута од натпреварот, за експлозија од воодушевувања на „Олд Трафорд“.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига