Метео анализа на Славчо Попоски:
Како што рековме и претходно, во среда наутро речиси насекаде во регионот, како и на повеќе места во Македонија се очекува појава на мраз. На повисоките планини и места и силен мраз каде температурите би се спуштиле дури и до близу -10 степени.
Во котлините претежно температурите би се спуштале во интервалот помеѓу -4 и 3 степени.
Ова воопшто нема да им се допадне на земјоделците и на овоштарите, со оглед на тоа дека овошките се одамна процветани.
Навремено ги советуваме и предупредуваме на земјоделците и овоштарите да си ги заштитат своите земјоделски култури и веќе расцветаните дрвца.
Барем според сегашните најнови излези на прогностичките модели утрински мразеви би можело да има и во деновите по среда.