Во текот на минатата недела Владата донесе одлука за набавка на Хеликоптери од компанијата Леонардо. Истата одлука едногласно беше поддржана и на комисија за одбрана во Собранието на Република Македонија, каде Драган Ковачки кој е член на комисијата за безбедност иако нормално имаше забелешки за други сегменти на модернизацијата по сеопфатното објаснување на проектниот тим ја поддржа одлуката македонската армија да се модернизира со хеликоптерите Леонардо.
Но за разлика од Ковачки, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој некако од никаде без да присуствува на ниту една презентација, се појави во јавноста да ја критикува оваа набавка и да се буни против модернизацијата на Армијата.
„За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Од друга страна Ковачки кој е поранешен припадник на Армијата и член на соодветната собраниска комисија, ја одобрува оваа набавка, додека Николовски без детали за состојбата во АРМ, без претходно искуство во безбедносниот систем, зборувајќи единствено за цената на чинење на хеликоптерите е главен противник за набавката на хеликоптерите.
Дали ваквото разногласие меѓу Ковачки и Николовски е случајно, или можеби сето ова има некаква заднина?
И Николовски и Ковачки се нејверојатни носители на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, едниот во четвртата а другиот во третата изборна единица, па оттаму ова може да се оцени и како своевдна броба за подобра позиција на парламентарните избори.
Се разбира, ако бидат носители, не е спорно дека ќе станат пратеници, но можеби и двајцата имаат свои идни планови, и ако нивната партија ја формира идната влада, да се најдат во неа, а некогаш освен релациите со лидерот и раководството, еден од предусловите за тоа е и изборниот резултат.