Утрински Весник
Свет

Илјадници Израелци протестираа и бараа договор за размена на заложници

Thumbs B C E0a023d7e2a95d5ce1516d4b192dd152.jpg

Илјадници луѓе денс протестираа низ Израел против актуелната влада предводена од Бенјамин Нетанјаху и побараа договор за размена на заложници со Хамас.

Семејствата на заложниците во Газа демонстрираа во близина на седиштето на Министерството за одбрана во Тел Авив, барајќи итен договор за ослободување на заложниците, според официјалната израелска радиодифузна управа. Таа објави дека десетици Израелци блокирале дел од автопатот Ајалон во Тел Авив.

Демонстрантите се собраа пред официјалните и приватните резиденции на Нетанјаху, барајќи предвремени избори, како и смена на членот на воениот кабинет Бени Ганц од владата, објави Хаарец.

Илјадници се собраа во Тел Авив, Ерусалим, Хаифа, Бер Шева и Цезареја.

Најголемите антивладини демонстрации се одржаа во центарот на Тел Авив, каде стотици луѓе го блокираа автопатот Алајон, а полицијата употреби водени топови.

Демонстрантите во Ерусалим го блокираа парискиот плоштад, во близина на официјалната резиденција на премиерот, што доведе до апсење на еден демонстрант.

Во близина на приватната резиденција на премиерот Нетанјаху во Цезареја, полицијата уапси четворица демонстранти осомничени за палење факели и употреба на запаливи материјали.

Стотици демонстранти, меѓу кои и роднини на заложниците, блокираа пат во Тел Авив, палејќи оган, кој подоцна беше изгаснат од полицијата.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков