Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Бојмацалиев: Не би сакал да верувам дека некој од друга институција буричка по лични документи на граѓаните, доколку се утврди вина очекувам најстроги казни 

Cdffa2ce 6cd8 45b3 8bdf B9fc27c0e148 Scaled.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денес при својата посета на СВР Струмица одговари на новинарско прашање за актуелната фотографија која деновиве излезе на социјалните мрежи на која се гледа командир на противпожарна единица во Велес како буричка по лични документи во простории на СВР Велес.

„Да, во текот на вчерашниот ден излезе фотографија на која се споменува дека командирот на противпожарната единица на Велес. Инаку знаете дека по барање на министерот дел од управните служби пред две недели чинам, се пренесени токму во противпожарната служба. Тамо е известена внатрешна контрола, СВР Велес, Јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографијата и на ликовите коишто се споменуваат на неа. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста. Не би сакал да верувам дека некој се дрзнува од друга институција да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните кои треба да се строго заштитени. Доколку тоа се утврди се надевам дека ќе има најстроги казни за инволвираните.”, дециден беше Бојмацалиев.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол