Утрински Весник
Македонија

Ристески: Муцунски ја преспа годината, потврдија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Аеродром за 2023-та

Image 2024 03 16 125054478.png

Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет.

Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот Буџет. Со други зборови биле реализирани 264,8 од планираните 397, 8 милиони денари. Од ова се гледа дека прибирањето на буџетските приходи на Општина Аеродром лани ѝ одело исклучително лошо. Тоа го доведе во прашање нормалното функционирање на општината и финансирањето на редовните обврски.

Тоа објаснува зошто на крајот на годината на шверцерски начин, со одлука на Совет спонзорството за КК МЗТ беше намалено од 24 на 19,7 милиони денари. Меѓу другото, тоа е причина за доцнењето на платите на играчите и вработените во кошаркарскиот клуб. Тоа ги објаснува и огромните кратења во поддршката на културата, спортот и невладиниот сектор. На истиот шверцерски начин, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на минатата година одлучи исплатите од јавните повици за подршка на спортот и културата да ги продолжи

и годинава, од новиот буџет. 

Со други зборови, Буџетот од оваа година ќе се троши за исплата на обврски од минатата година, заради недомаќинското работење на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Во делот на сообраќајна инфраструкрура, согласно годишниот извештај, за цела 2023 година изградени се само две новопланирани улички и дел од паркинг во Стар Аеродром.

Деловите од извештајот кои се однесуваат на крпење на дупки на улиците, одржување на детски и спортски игралишта, одржување на фонтани, одржување на јавни зелени површини се илуструрани исклучиво со фотографии, без никакви други податоци.

Останува енигма колку нови паркинг места има во општината, а Муцунски вети 3.000 до крајот на мандатот. Енигма останува и бројот на завршени предмети за легализација, спротивно на ветувањето дека сите ќе бидат завршени до крајот на 2022 година.

Ветените 4 нови градиники не се ни почнати. Никаде не фигурираат во годишниот извештај за 2023 година. Со други зборови, Муцунски преспа уште една година од својот мандат.

Го повикуваме градоначалникот Муцунски да се разбуди од зимскиот сон и конечно да почне да работи.

Граѓаните со право прашуваат, има ли Аеродром градоначалник?

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?