Утрински Весник
Спорт

Познат терминот за доигрување на мечот Чаир – МЗТ Скопје

Cair mzt 696x391 2.gif

Недоиграниот натпревар од 20. коло во прволигашката кошаркарска конкуренција во Македонија, меѓу Чаир и МЗТ Скопје, ќе се доигра утревечер со почеток од 21 часот. Комесарот за натпреварување во Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, денеска одлучи мечот да се доигра во рок од 48 часа пред празни трибини во салата „Шабан Трстена“. Синоќа овој натпреварот се играше само едно полувреме, по што кошаркарите на актуелниот шампион МЗТ Скопје одбија да го продолжата бидејќи биле физички нападнати од неофицијални лица во соблекувалната. Натпреаврот ќе се доигра пред празни трибини, а ќе продолжи со резултатот постигнат од одиграното синоќешно првото полувреме (42:44) за МЗТ Скопје.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови