Утрински Весник
Македонија

Демири: Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица

Picture 744 660x411 1.jpg

Вакцините ДиТеПер за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можа да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на 17 март Ден на крводарителството и Денот на основање на Црвениот крст. – Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири. Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна. – Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран