Утрински Весник
Македонија

Велковски: Лошите услови за работа и престој во Дневните центри ќе станат минато по 8 мај

2024 03 15 15.22.14.jpg

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на теренските активности ги посети Центрите за социјална работа во Кратово и Крива Паланка, Дневниот центар за лица со посебни потреби во Кратово и Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка.

Затекнатите проблеми како во Центрите за социјална работа во Македонија, така и во центрите за грижа на стари лица и лица со посебни потреби се исти, недостаток на стручен кадар, неинвестирање во просторните капацитети и лоши услови за работа на вработените. Ова беа дел од работите коишто беа посочени и за време на работната средба со вработените во центарите во Кратово и во Крива Паланка.

„Во изминатиот период посетивме повеќе центри во градовите низ Македонија, правиме увид на моменталната состојба, разговараме со сите вработени и одговорни лица бидејќи е важно да ги слушнам проблемите со кои што тие се соочуваат во процесот на работа и како да ги надминеме истите преку реални, брзи и ефективни системски решенија на кои ќе настапиме веднаш по завршување на изборите на 8 мај. Недостатокот од стручен кадар поради неможноста да се лиценцираат е сериозен проблем, а и оној стручен кадар којшто го имаме ги напуштале работните места поради лошите услови и непродуктивните реформи во изминатите неколку години. Ова ќе го промениме. Ќе обезбедиме достојни услови за работа и задоволување на постоечките капацитети со нов кадар”, порача министерот Велковски.

Можете да прочитате

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот

Кривична пријава за поранешен министер за култура