Вооружените сили на Финска објавија ново видео, на кое се прикажани детали за големата воена вежба „Нордиски одговор 24“, која се изведува во рамките на многу поголемата воена вежба на НАТО, Steadfast Defender 24.
Во ново видео финските сили изјавија дека заедно со сојузниците, пред сè, Норвежаните и Швеѓаните, ја вежбале одбраната на нордискиот регион.
„Симулацијата на битката заврши кога финско-шведските дивизии ги здружија силите со норвешко-германската дивизија на норвешка територија, каде што го опколија непријателот и го уништија“, велат тие.
Исто така, беше констатирано дека вежбите не завршуваат.
„Обуката со сојузниците ќе продолжи подоцна во пролетта. Заедно сме посилни“, се вели во соопштението на финските вооружени сили.
Во „Нордискиот одговор“ учествуваат 4.100 Финци, а во вежбата, освен пешадија и бродови, учествуваат и голем број борбени авиони, особено „Ф-18“.
„Во следните две недели 20.000 војници на НАТО ќе работат на вежбање на одбраната на северните територии на алијансата. Ќе работиме заедно на безбедноста на НАТО, ќе покажеме сила, единство и кохезија. Ние сме НАТО заедно“, порачаа на почетокот на март од алијансата.