Утрински Весник
Свет

Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер

Abas.jpg

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада. Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година. Арапските и западните земји се поделени околу тоа дали новиот палестински премиер ќе биде доволно независен во однос на Абас кога станува збор за спроведување внатрешни реформи. Главната цел на новата влада е да ја стабилизира палестинската управа на Западниот брег и да ја подготви палестинската управа за нејзината потенцијална улога во управувањето со Појасот Газа по завршувањето на војната.

Можете да прочитате

Слободата на медиумите во светот на најниско ниво во последните 25 години

Трамп повторно му врати на германскиот канцелар Мерц поради критиките за војната во Иран

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата