Утрински Весник
Македонија

Тошковски го посети полицискиот службеник на кого пред неколку дена во Кратово му изгоре семејната куќа

3 2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Кратово го посети полицискиот службеник Зоран Стојановски на кого пред неколку дена во пожар целосно му изгоре семејната куќа.
Во пожарот тој и неговото семејство го изгубија сето она што целиот свој живот го градел со својата полициска плата, а покрај изгубениот дом нарушена е и нивната животна егзистенција.
Министерот Тошковски го увери Стојановски дека во овие моменти не е сам и дека ќе стори сè што е потребно во рамките на неговите  можности со цел да се излезе во пресрет на неговите потреби во овие тешки моменти.

„Солидарноста отсекогаш била карактеристика на полициските службеници и во таа насока испратив телеграма до сите вработени во министерството за внатрешни работи со која ги повикав на доброволна основа да донираат средства кои во овие моменти се неопходни за нашиот колега да го обнови својот дом.”, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски ги повика и сите хумани граѓани во рамки на своите можности да помогнат и да донираат средства на следната трансакциска сметка:
300007082346687, Комерцијална банка, Зоран Стојановски.

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа