Утрински Весник
Свет

Трговијата меѓу Кина и Русија цвета, западните компании ги губат пазарите

Ningbo kina.webp.webp

Во изминатите две години трговскиот промет меѓу Кина и Русија скокна за 64 отсто и изнесуваше 240 милијарди долари. Поради воведувањето на антируски санкции, многу западни компании одеднаш го напуштија рускиот пазар, а многу брзо беа заменети со кинески компании.

Во замена за големите руски резерви на нафта, Пекинг ја снабдува Москва со сите потребни стоки, пренесува Ројтерс.

Според официјалните податоци за 2023 година, извозот на кинески автомобили во Русија бил речиси седум пати поголем од 2022 година, додека нивната вредност скокнала за речиси 10 милијарди долари.

Руско-кинеската трговија јасно покажува дека санкциите губат тежина со текот на времето, бидејќи земјите кои не ги поддржуваат ги користат економските можности што се појавуваат за локалните компании по заминувањето на западните конкуренти. Голем број западни фирми набрзина продаваат имоти и производствени локации по ниски цени.

Уделот на Кина на рускиот пазар скокна од помалку од 10 отсто на повеќе од 50 отсто за две години од почетокот на руската воена операција во Украина.

Можете да прочитате

Глечер уништи швајцарско село кое неодамна беше евакуирано

НАТО цели кон зголемување на бригдите за околу 50 отсто, тврди воен претствник

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор