Утрински Весник
Свет

Разбиена израелска криминална група која продавала лажни часовници и накит во ЕУ

050809 Fakes Hmed 12p.webp.webp

Во полициска операција на белгиските власти, поддржана од Европол, е разбиена организирана криминална група од Израел, која наводно произведувала и увезувала фалсификувани луксузни часовници и дијаманти во „Дијамантскиот кварт“ во Антверпен.

Операцијата резултираше со апсење на 15 осомничени, од кои 11 во Белгија, двајца во Израел, додека по еден наводен член на оваа мрежа е уапсен во Словачка и Холандија, се наведува на веб-страницата на Европол.

За време на операцијата спроведена во вторник, извршени се 26 претреси во Белгија, Израел, Холандија и Словачка, при што се запленети 165 луксузни часовници со сертификати, накит и други фалсификувани производи, 200 дијаманти, 209.000 евра во кеш, крипто книги, оружје, 14 килограми наркотици, повеќе електронски уреди, меѓу кои мобилни телефони и компјутери, кредитни картички и финансиски документи.

Истрагата започна во 2022 година кога полицијата во Брисел пресретна пакет со 600 грама кокаин наменет за продажба во Израел.

Благодарение на понатамошната истрага, откриено е дека станува збор за голема криминална организација, која се занимавала со трговија со дрога, фалсификувала и луксузни предмети.
Според органите на прогонот, криминалната мрежа произведувала лажни луксузни часовници надвор од ЕУ, мешајќи оригинални делови со лажни компоненти, за да ги измами потенцијалните купувачи.

Произведените часовници потоа се увезувале и продавале на белгискиот пазар, а осомничените шверцувале и кокаин и синтетички дроги низ светот.

Членовите на оваа криминална мрежа переле пари преку сложени шеми, вклучувајќи криптовалути, нелегални банкарски системи и реинвестирање во недвижности, особено во Португалија.

Покрај експертите од Европол и белгиските власти, во операцијата учествуваа и властите на Холандија, Португалија, Словачка и Израел, со поддршка на мрежата ON, која е финансирана од Европската комисија и предводена од италијанската антимафија Дирекција (ДИА).

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков