Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада постојано предупредува дека нема да поддржи израелска инвазија на Рафа без „јасен план од израелската влада за заштита на повеќе од еден милион раселени Палестинци“ кои моментално се наоѓаат таму.
-Треба да видиме план кој ќе ги заштити цивилите од опасност доколку дојде до воена операција. И не само тоа, туку и план кој ќе обезбеди цивилите да имаат засолниште, храна и лекови – рече Блинкен, пренесува Ал Џезира.
Американскиот државен секретар им рече на новинарите дека САД изразуваат сочувство до семејствата на сите „очигледно убиени“ во бомбардирањето на објектот за дистрибуција на помош управуван од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).
Во соопштението на агенцијата на ОН се наведува дека во израелскиот напад загинал најмалку еден вработен, а повредени се уште 22 лица.