Утрински Весник
Македонија

Банкротираше компанијата која требаше да произведува електрични возила во Тетово

E.go Tirz Tetovo Elektricen Avtomobil.jpg

Германската компанија „НЕкст е.го“ која требаше да изгради фабрика во Тетово за производство на електрични автомобили и која беше најавена како инвестиција на семејството Дестани, поднесе барање за стечај.

Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.Компанијата како причина го наведува „неповолното опкружување на пазарот“.

Во посебна објава, e.Go напиша дека поднела барање за отворање на постапка за несолвентност до окружниот суд во Ахен во Германија. Во петокот, околу 320 вработени во компанијата беа информирани за ситуацијата и следните чекори.

Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.

Имајќи го предвид интересот на граѓаните истотака информираме дека, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор