Утрински Весник
Балкан

Србите во Косово добиле уверување од Ескобар дека работите ќе се променат

Screenshot 2024 03 13 224103.png

Габриел Ескобар, претставникот на САД за Западен Балкан денеска во Приштина имал средба и со политичките претставници на Србите во Косово. На средбата Ескобар бил запознат за проблемите со кои се соочува српската заедница. Како што соопштија од Српската листа, најголемата партија на Србите во Косово, која ја има поддршката од Белград, на Ескобар му било кажано дека одлуките на Владата на Косово ги „загрозуваат основните човекови права“ и му биле посочени одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се забранува употребата на српскиот динар, забраната за увоз на стоки од Србија, доаѓањето на власт на албански градоначалници во четири општини на северот од Косово кога Србите ги бојкотираа изборите. Според изјавите на српските претставници по средбата со Ескобар најавуваат дека нивните барања се разбрани од американскиот претставник и добиле уверување дека работи ќе се променат. Бранимир Стојановиќ од Српското народно движење изјави дека е „охрабрен“ од американскиот пристап кон последните одлуки на косовските власти. -Очекуваме пред се ситуацијата да се смири и на нашите луѓе да им се овозможат минимални услови за нормален живот, изјави Стојановиќ по средбата со Ескобар за локалното Радио Ким.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени