Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: На 8 ми мај ќе прогласиме голема победа на СДСМ и Пендаровски

Otvora Eto Na Nov Promotiven Shtab 8.jpeg

На 8 ми мај ќе прогласиме голема победа на СДСМ а на 9 ти мај, на Денот на Европа ќе ја најавиме новата Влада, СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада, нема откажување од иднината, порача вечерва во Тетово претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Ова не се избори само помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. Ова се избори помеѓу надежта и безнадежноста. Избори помеѓу борба за европска иднина за сите и враќање на деструктивните политики на наследниците на Груевски.  Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел им ја препуштаме на некои други.  Се откажуваме од иднината. Со глас за Стево Пендаровски и за СДСМ обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите. Затоа, одлучно порачувам: НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ИДНИНАТА!, рече Ковачевски.

Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, потенцираше тој. 

-Ве повикувам на претстојните избори да го поддржите СДСМ и Стево Пендаровски.  Глас за СДСМ и Пендаровски е глас за европска Македонија, за Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада. На 8-ми мај ќе прогласиме голема победа, а веќе на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја најавиме новата Влада и продолжуваме со нова енергија да работиме за европска иднина на Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивен штаб на партијата.

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука