Утрински Весник
Балкан

Ескобар побара од Косово и од Србија да го имплементираат договорот од Брисел и Охрид

Thumbs b c c69e82e1454e31119a54567df456f839.jpg

Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, по двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, побара од Косово и Србија да го имплементираат Основниот договор од Брисел и Охридскиот анекс, притоа подвлекувајќи дека не само од Косово се бара да носи тешки одлуки во рамките на овој договор, туку и од Србија. -Двете страни треба да продолжат со целосната имплементација на договорот. Исто така, ја покануваме Србија да го спроведе договорот, така што ова не е едностран напор само Косово да донесе тешки одлуки за Охридскиот договор да стане реалност, рече Габриел Ескобар, претставник на САД за Западен Балкан.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Грција

Србија годинава ја започнува изградбата на гасниот интерконектор со Македонија

Вучиќ: Во Србија нема ограничувања за купување гориво, државата се откажува од акцизи