Утрински Весник
Магазин

Наезда на стаорци во полициска станица: Ја јадат нашата марихуана, сите се „надувани“

Staoci.webp.webp

Полициската станица на Њу Орлеанс има проблем со стаорци кои „упаднале“ во просторијата за докази. Началникот на полицијата Ен Киркпатрик на состанокот на комитетот за кривична правда во градот изјави дека глодарите јадат докази.

„Стаорците ја јадат нашата марихуана од просторијата за докази. Сите се надувани“, рече Киркпатрик. Стаорците кои упаднаа во просторијата за докази и јадеа марихуана беа особено проблематични, рече таа, поради нивниот потенцијал да влијаат врз криминалните случаи.

Како што пишува CBS, стаорците не само што упаднале во просторијата за докази, туку ги има во целата зграда бидејќи некои вработени тврдат дека наоѓаат измет од стаорци на нивните бироа.

„Во иста зграда не работат ниту клима, ниту лифтови. Би било лицемерно да се каже дека градот се грижи за вработените во полицијата бидејќи тие работат во нехигиенски услови“, рече Киркпатрик.

На состанокот на одборот во понеделникот, членовите на советот гласаа за одобрување закуп за нова зграда за полицискиот оддел во Њу Орлеанс. Градот ќе треба да плаќа 670.000 долари месечно за новиот десетгодишен закуп. Реновирањето на сегашното седиште на полицијата чини 30 милиони долари, што е многу поскапо, велат градските власти.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста