Утрински Весник
Економија

Богоев од посетата на ИГМ Трејд: Дијалог и спроведување мерки за олеснување на трговијата, клучно за забрзан раст на економијата

Insta 2.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„ИГМ Трејд е еден од најголемите домашни инвеститори во државата со вкупни инвестиции на ниво на групација во 2023 година од 15 милиони евра и извоз од 120 милиони евра. Оваа компанија е пример како со визија може да се прерасне во светски гигант кој е препознатлив и на меѓународниот пазар. Континуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки со коишто ги подобруваме услугите, а со тоа и условите за водење бизнис. Ова е клучно за остварување забрзан раст на економијата, што придонесува за повеќе работни места и подобрување на животниот стандард”, истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија ИГМ Трејд во Кавадарци.

„Како институција која е партнер на македонските компании, од голема важност ни е спроведување реформски политики и имплементација на мерки коишто за компаниите ќе значат олеснување на трговијата, а преку имплементација на системи коишто ќе придонесат за отстранување на бирократските процедури и побрзо издавање на потребните одобренија за увоз и извоз. Во моментов преземаме активности за имплементација на Национален едношалтерски систем, кој подразбира имплементација на еден цел реформски процес во кој се вклучени 16 институции се со цел да се овозможи олеснување и забрзување на трговијата како клучно за подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Паралелно работиме и на унапредување на останатите системи и нивно усогласување со системите што се користат во ЕУ”, вели Богоев.

ИГМ трејд како безбеден и сигурен партнер на Царината, користи одобрение за овластен економски оператор што им овозможува побрзи и поевтини прекугранични постапки, одобрение за одобрен извозник што им овозможува извоз за пократок временски рок, за поедноставени постапки за локално царинење при увоз и извоз, а компанијата поседува и одобренија за поедноставени постапки за овластен примач и овластен испраќач што им овозможува поедноставено спроведување на транзитни постапки. 

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра